Кој е одговорен што не се гради делницата Струмица-Дабиле?
Кој и зошто ја блокира Општина Струмица? Вака реагираше градоначалникот Костадин Костадинов кој ја обвини државната власт за неработењето на патот Струмица-Дабиле кое треба да биде булеварско решение. Од ЈП за Државни патишта прстот го вперија во Општината …

Кој е одговорен што не се гради делницата Струмица-Дабиле од должина од два километри. Првиот човек на Општината Костадинов прстот го впери во власта. Кажа дека имале потпишано Спогодба со ЈП за Државни патишта но работите на делницата се блокирани оти не е извршена експропријација
Од ЈП за Државни патишта му вратија на Костадинов зошто Општината не обезбеди пристап до сите објекти долж трасата согласно спогодбата. Како што соопштија експропријацијата заглавила бидејќи дел од објектите биле под хипотека и морало да се добие согласност од банките.
,,Имотно правните односи беа решени уште пред десетина дена со што се создадоа услови да се започне со градежни активности. Минатата недела тимот на ЈПДП беше на увид и испрати покана и до општината, но тие не се одзваа на нашата покана“, стои во одговорот од претпријатието.
Делницата Струмица Дабиле треба да биде булеварско решение. Државата треба да ја изгради истата а општината пешачките и велопатеките.
Ване Трајков
