Суспензии во ЖРК Металург
Женската ракометна екипа на Металург на својата интернет страница објави одлука за суспензија на три свои ракометарки.
Од денеска а до изрекувањето на санкциите суспендирани се кадетските репрезентативки на Македонија, Теодора Керамитчиева, Ангела Тодоровска и Клаудија Георгиевска.
Дисциплинскиот орган на клубот се решил за ваква постапка поради тоа што ракометарките неоправдано отсуствувале од тренинг, а врз основа на член 43 од дисциплинскиот правилник на РК Металург а за сторен прекршок по член 32.

Македонскиот женски ракометен вицепрвак пред неколку дена во реновиран и драстично подмладен состав ги почна подготовките за новата сезона под раководство на новиот тренер Александар Петровски кој од помошничкото место во машкиот состав на Металург, го наследи Крсто Петрушевски на кормилото на ЖРК Металург.