Развојната банка им ја исплати првата транша од унгарскиот кредит на комерцијалните банки
Развојната банка ја исплати првата транша од унгарскиот кредит на комерцијалните банки денеска. Сумата е скоро 11 милиони денари или само 4% од вкупниот унгарски заем...

Кај 47 компании, од кои 30 отсто од производството, набрзо треба да влезат 10,4 милиони евра свежи пари, откако Развојната банка им ја исплати првата транша од унгарскиот кредит на комерцијалните банки. Поддржани се осум големи компании, 11 средни, 25 мали и три микро според Развојната банка.
Најголем дел од парите, речиси 50 отсто, ќе се потрошат за градежни инвестиции. Но, ќе се набавуваат опрема и транспортни средства, ќе се инвестира во обновливи извори на енергија. Средствата им биле подеднакво достапни на сите компании, со исклучок на оние кои се занимаваат со производство на алкохолни пијалаци, трговија со тутун и дејности поврзани со коцкање.
Интересот кај компаниите е неколкупати поголем од планираните 250 милиони евра, па владата размислува за нови евтини пари за бизнисот.
Целта е да се задржи работоспособното население и да се зголеми продуктивноста. Поставената цел била 5.000 работни места, но таа бројка е дуплирана.
Развојна работи на повлекување на втората транша.
Александра Велинова
