Хрватска со поддршка за евроинтеграцијата
„Се надеваме и очекуваме Северна Македонија набрзо да стане полноправна членка на Европската унија“, порача претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој е во посета на земјава …

Искрено пријателство, соработка и дијаспора цврста како мост ги поврзуваат Македонија и Хрватска, истакнаа спикерите на македонското Собрание и хрватскиот Сабор, Африм Гаши и Гордан Јандроковиќ. Хрватска е пример кој треба да се следи како да ги спроведеме реформите на патот кон Европската унија.
Членството во неа е геополитичка нужност за стабилност и мир во регионот, рече Гаши.
Вашите преговори со Европската унија сè уште не се формално отворени и тоа не е коректно. Заслуживте многу поголем напредок, изјави пред пратениците претседателот на хрватскиот Сабор, Јандроковиќ.
На двете страни од Атлантикот има различни визии за траен мир и прекин на војната во Украина, вели Јандроковиќ, кој посочува-светот глобално политички се менува.
Треба да ги заштитиме граѓаните, а институциите да ги направиме поотпорни, нагласи спикерот на хрватскиот Сабор.
Миле А. Ристески
