Првиот човек на синдикатите ја злоупотребува позицијата во ССМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ има за цел преку ССМ да ја закочи државата, а десетици милиони евра наместо во развој, да се трошат на придонеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Обвини дека првиот човек на синдикатите со непринципиелните сојузи со СДСМ и Левица, ја злоупотребува позицијата во ССМ. СДСМ, пак, предлага закони кои ќе го запрат економскиот пад...

СДСМ има за цел преку ССМ да ја закочи државата, а десетици милиони евра наместо во развој, да се трошат на придонеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата обвинија дека првиот човек на синдикатите со непринципиелните сојузи со СДСМ и Левица, ја злоупотребува позицијата во ССМ.
СДСМ предлага закони кои, како што велат од партијата, ќе го запрат економскиот пад, ќе ги зголемат платите и ќе ги намалат сметките на граѓаните.
Според социјалдемократите, инфлацијата расте, зголемени се трошоците за живот, паѓа индустриското производство. СДСМ бара власта да не ги одбива предлозите, што се во интерес на граѓаните.
Поранешниот претседател на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, обвинува за грабеж од околу 650 илјади евра од сметката на синдикатот, кои тој ги оставил во заминување. Вели дека Владата преговара со нелегитимниот претседател Слободан Трендафилов и бара да биде вратен на таа позиција.
Претседателот на синдикатот, Трендафилов, со порака до власта – Ние работниците се бориме за корка леб, тие, политичарите за гола политика.
Александра Спировска
