Скопје

Цвеќарниците ги прават последните подготовки пред 8 Март

06.03.2025 17:22

Се ближи празникот на жената, а симбол на 8 Март е цвеќето. Одбележувањето на денот на жената е и профитабилен бизнис. Од лани до сега цената на цвеќињата е зголемена за 20 до 30 проценти...

Во малата цвеќарница на цветниот пазар во Скопје, Данче ги прави последните подготовки пред 8 Март, аранжира зумбули, вели нив секој ќе може да си дозволи, една саксија чини 100 денари. Од лани до сега цената на цвеќињата е зголемена за 20 до 30 проценти, па некои бираат нешто што ќе трае подолго.

Роза како кралица на цвеќињата година се продава за 200-250 денари, додека лалињата кои минатата година беа 70 денари, годинава се над 100.

Анета се согласува дека цените на цвеќињата се повисоки од лани, но ги очекува клиентите.

Цвеќарката со најдолго искуство, Снежана, вели без оглед на цените, купувачи ќе има многу повеќе, да не е нелојалната конкуренција.

Но заедно оди цената на жената и цвеќето, па некои денеска ја разгледуваа понудата.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски