БДП со раст од 2,8% во 2024 година, Владата за следната година проектира раст од 3,7%
Градежништвото и научните и технички дејности се секторите кои придонесоа за економскиот раст. Економијата останува во фокусот на Владата и следната година за која проектиран е раст од 3,7 проценти на БДП и стабилизација на инфлацијата.

Македонскиот бруто-домашен производ забележа раст од 3,2% во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8%.
Ова е главната владина порака на денешната прес-конференција, на која портпаролката Митева рече дека овие бројки се одраз на стратешките политики, подобрените деловни услови и инвестиции во клучните сектори.
Градежништвото и научните и технички дејности се секторите кои придонесоа за економскиот раст. Економијата останува во фокусот на Владата и следната година за која проектиран е раст од 3,7 проценти на БДП и стабилизација на инфлацијата.
Од Владата информираа и дека 2024 година постави историска пресвртница во странските директни инвестиции кои достигнаа 1 милијарда и 255 милиони евра. Овој прилив на инвестиции е јасен доказ за довербата што ја имаат меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзиниот иден потенцијал-посочи Митева.
Марина Стојанова-Тонева
