Обвинителство
Коцевски го доби предлогот за разрешување поднесен од страна на Владата
06.03.2025 14:57
Оттаму велат дека документот е доставен преку Советот на јавните обвинители, а штом Коцевски го разгледа ќе се произнесе во законски предвидениот рок...

Државниот обвинител Љупчо Коцевски го доби предлогот за разрешување поднесен од страна на Владата, соопштуваат од прес службата на Обвинителството.
Оттаму велат дека документот е доставен преку Советот на јавните обвинители, а штом Коцевски го разгледа ќе се произнесе во законски предвидениот рок.
Одговорот Коцевски ќе треба да го достави до Советот каде членовите ќе го разгледаат заедно со предлогот од Владата, по треба да дадат мислење за негова смена.
