Предизвици за НАТО и Европа

Муцунски: Траен мир во Украина е во интерес и на Македонија, но мора да ги задржиме добрите односи и со ЕУ и со САД

06.03.2025 15:49

Македонски национален интерес е стратешкото партнерството со САД за нашата безбедност и развој во наредните години. Коспонзорството на американската резолуција во Обединетите нации е потврда на тоа. Приоритет треба да биде и интеграцијата во ЕУ...

Постигнување на траен мир во Украина е во интерес и на Македонија, но мораме да ги задржиме добрите односи и со ЕУ и со САД, смета шефот на дипломатијата Муцунски.

Македонски национален интерес е стратешкото партнерството со САД за нашата безбедност и развој во наредните години. Коспонзорството на американската резолуција во Обединетите нации е потврда на тоа. Приоритет треба да биде и интеграцијата во ЕУ и Европа, особено во областа на економијата, трговијата, безбедноста и одбраната, оценува универзитетскиот професор Ѓуровски.

Ние сме дел од Европа, нема што дополнително да потврдуваме и да велиме дека со коспонзорството на американската резолуција за Украина сме ја смениле надворешната политика, тоа е суверено право на една држава, да се води од своите национални интереси, посочува универзитетскиот професор Наумовски.

НАТО чија членка сме и ние не смее да се вклучи во Украина. Но, одбраната на Европа, па и нашата држава мора да се зајакне, оценуваат учесниците на панелот за предизвиците за НАТО и Европа.

Ирина Гелевска