Демолирано кафуле во Старата скопска чаршија оти свирела песната „Распукала Шар планина“

05.08.2014 16:24

До полноќ гостите ги забавувале чалгии. На паузата ди –џејот пуштил музика по желба. Изборот не му се допаднал на едно момче. Летале чаши, шишиња и пепелници на сите страни...

Инцидент ја прекинал забавата во кафулето Њу Орлеанс во старата скопска чаршија каде што сопственикот го славел роденденот. До полноќ гостите ги забавувале чалгии. На паузата ди –џејот пуштил музика по желба. Изборот не му се допаднал на едно момче. Летале чаши, шишиња и пепелници на сите страни.

Причина за инцидентото била песната „Распукала Шар планина“, кога момче од албанска националност поминало не му се допаднала песната, влегло во барат и почнал вербално да се расправа со дисџокејот.

Потоа се вратил со 15-тина млади и почнале да го демолираат кафулето и да фрлаат со секакви предмети по гостите. Го искршиле лаптопот на ди –џејот, кршеле и прозорци. Настанал хаос. Девојка вработена во кафулето се обидела да викне полиција од мобилен, новеднаш и го зеле и го искршиле. Неколкумина се повредени.

„Има тројца, меѓу кои и една девојка е удрена, стален гостин е исечен со чаша и јас“, вели Жарко Иличковиќ сопственик на кафулето.

Полицијата пристигнала за кусо време, но насилниците биле заминати. Се трага по сторителите..

„Од страна на СВР Скопје излезено е на нлице место и се работи на целсоно расчистување на случајот“, рече Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје.

Кафулето работи три години. Сопственикот вели дека никогаш немало инцидент. За синоќешниот ќе поднесе кривична пријава.

„Три години овде никој никого лошо не погледнал, сакам да верувам дека е изолиран случај и на тоа дека ќе остане“, вели Жарко Иличковиќ сопственик на кафулето.

Жарко се сомнева дека поради непромислена постапка на поединеци, веќе нема да биде како до сега.

Когамногумина доаѓале да се дружат и да уживаат во добра музика.

Наташа Гркова-Петрушевска