Здравство

Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

06.03.2025 15:22

Грипот зеде нова жртва. Почина 82-годишна скопјанка која се лекувала на Клиниката за пулмологиј. Иако грипот почнува да ја губи силата, сепак широко е распространет, особено во Скопје, Битола, Куманово. Годинава бројот на заболени од грип во споредба со истиот период лани е зголемен за четири пати...

Грипот зеде уште еден живот. Почина 82-годишна скопјанка која се лекувала на Клиниката за пулмологија. Не била вакцинирана против сезонски грип, а имала и други хронични заболувања. Ова е четврти смртен случај сезонава.

Иако грипот почнува да ја губи силата, сепак широко е распространет, особено во Скопје, Битола, Куманово. Пријавени се околу 2.600 заразени или 15,4 проценти помалку од претходната недела. Децата се најмногу на удар. Во наредниот период очекуваат стабилизирање на состојбата. Надлежните со апел да се почитуваат мерките за заштита.

„Да се следат препораките за превенција од грип и оние кај кои е дијагностициран грипот да останат во домовите, да се изолираат, да не бидат во контакт со своите блиски, особено доколку во нивните семејства живеат луѓе кои имаат коморбидитети и многу мали деца, и да се почитуваат препораките на надлежните“, вели д-р Марија Андонова, директорка на Институтот за јавно здравје.

Годинава бројот на заболени од грип во споредба со истиот период лани е зголемен за четири пати.

Годинава има пријавено околу 20 илјади заболени од грип. Лекарите алармираа дека пациентите имаат поагресивни и подолготрајни симптоми, според епидемиолозите, тоа се должи на мутациите на вирусот.

Андријана Ѓурческа