Премиерот Мицкоски во посета на Општина Кисела Вода
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во с. Драчево во Општина Кисела Вода...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во с. Драчево во Општина Кисела Вода.
Вредност на проектот за реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во должина од 2,5 км и ширина 4 м изнесува 30.000.000 денари. Ова е еден од четирите капитални проекти на Општина Кисела Вода кои се реализираат со средства од државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините, се вели во соопштението од Влада.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.
