Двојно убиство

Ново рочиште за двојното убиство

07.03.2025 08:34

Судењето продолжува со изведување докази на одбраната. Судијата донесе одлука да се направи увид во доказите кои ги поднел Палевски.

Ново рочиште во Скопскиот кривичен суд за убиствата на Вања и Панче. Судењето продолжува со изведување докази на одбраната.

На претходното, судијата донесе одлука да се направи увид во доказите кои ги поднел Палевски. За наредните рочишта е предвиден распит на обвинетите.

За двојното убиство се обвинети 5-мина, 4-ца како директни извршители и таткото на Вања за помагање.