САД

Ѕвездениот брод „Спејс-Х“ експлодираше само неколку минути по полетувањето

07.03.2025 10:32

“Спејс-Х“ експлодираше само неколку минути по полетувањето од Тексас. Ова е втор, последователен неуспех за ракетната програма за Марс на компанијата на Илон Маск...

Ѕвездениот брод на компанијата „Спејс-Х“ експлодираше само неколку минути по полетувањето од Тексас. Ова е втор, последователен неуспех за ракетната програма за Марс на компанијата на Илон Маск.

Наместо да се распоредат тест сателити, остатоци од леталото паѓаа од воздух. Вселенското летало се распаднало набргу откако почнало неконтролирано да ротира, додека моторите му биле исклучени.

Поради остатоците што паѓаа на делови од Карибите, американската Федерална авијација привремено ги прекина комерцијалните летови на неколку аеродроми.