Собрание

Седница на собраниската Законодавно-правна комисија

07.03.2025 08:55

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, во прво читање...

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, во прво читање.

Целта на Предлог законот е да се регулира статусот на оние градби кои се во определена фаза на изградба, да можат да продолжат во понатамошна фаза согласно одредбите од Законот за градење со доставување на дополнителни докази без дополнителни финансиски оптоварувања по државниот буџет.

Во Предлог законот, се појавува застој во реализацијата на тековни проекти на Јавното претпријатие за државни патишта, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, објекти од значење за земјоделството и економскиот развој, како на пример брани, како и објекти од областа на образованието, а пред сè објекти за сместување на факултетите.

Се работи за голем број на инфраструктурни објекти, како и други објекти од јавен интерес кои од административна причина поврзана со недоволна екипираност на одредени институции односно неажурност на истите како и поради недоволна јаснотија на одредбите, се затекнати во определена фаза и не се во можност да продолжат да се реализираат.

Предложените измени и дополнувања претходно добија зелено светло од матичната Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.