Македонија

Национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место во Штип

07.03.2025 09:11

Како што информираат организаторите на настанот, на конференцијата ќе бидат разгледани важни прашања за родовата еднаквост и дискриминацијата на работното место.

Национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место ќе се одржи денеска во Штип.

Како што информираат организаторите на настанот, на конференцијата ќе бидат разгледани важни прашања за родовата еднаквост и дискриминацијата на работното место.

Предвидени се излагања на стручни претставници од институции, носители на одлуки, работнички, што ќе понудат препораки за создавање праведни и инклузивни работни средини.