УХМР

Најстудено утрово во Берово

07.03.2025 09:12

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -5 степени, најтопло во Крушево со 6 степени...

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени-5 степени, -4 било во Битола, -3 во Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија и Маврови Анови, -1 во Тетово, Прилеп, Штип и Гевгелија, 0 во Охрид, Куманово и Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Крива Паланка, 3 во Попова Шапка.

Најтопло беше во Крушево, каде беа измерени шест степени, додека во Виница беа измерени четири

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 19 сантиметри на Попова Шапка.