Романија

Романските власти разбија криминална група, осомничена за предавство

07.03.2025 09:54

Двајца уапсени, четворица ставени под надзор со забрана да ја напуштаат земјата – романските власти разбија криминална група...

Двајца уапсени, четворица ставени под надзор со забрана да ја напуштаат земјата – романските власти разбија криминална група, осомничена за предавство. Луѓето се товарат дека со помош на руски агенти се обиделе да го нарушат уставниот поредок, да инсталираат нова влада во Букуреш и да ја извадат земјата од НАТО.

Двајца од осомничените во јануари отпатувале за Москва, каде што оствариле контакт со луѓе кои биле подготвени да ги поддржат напорите на организацијата за преземање на државната власт во Романија, соопштија властите. Според истражителите, групата е формирана во 2023 година, била наречена „командата на Влад Тепеш“ и имала воена поставеност.

Адвокатите на осомничените ги отфрлија обвинувањата. Овој случај е поврзан со протерувањето руски дипломати од Романија.