Еурофарм Пелистер со пораз од Пари Сен Жермен ја заврши Лига на шампионите

07.03.2025 09:58

Францускиот ракометен гигант рутински стигна до победата која ја најави уште на самиот почеток на натпреварот, кога гостите поведоа со 7:3, а на крајот и славеа со девет голови предност.

Mакедонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со пораз од Пари Сен Жермен, 26:35 (13:18) и со осум освоени бодови, го заврши учеството во годинешната сезона од Лигата на шампионите.

Францускиот ракометен гигант рутински стигна до победата која ја најави уште на самиот почеток на натпреварот, кога гостите поведоа со 7:3, а на крајот и славеа со девет голови предност. Највозбудливиот дел од средбата беше од 18 до 23 минута кога битолчани стигнаа до негатива од само еден гол (10:11 и 12:13), но тоа не беше доволно за пресврт.

Најефикасни на средбата беа Пранди со осум и Кузмановски со седум постигнати голови.

Извор/ Фото: МИА