ХРВАТСКА

Три деца загинаа во пожар во ромска населба во Хрватска

07.03.2025 11:36

Страшна трагедија во Хрватска. Три деца загинале во пожар што избувнал во семејна куќа во ромската населба Куршанец во близина на градот Чаковец...

Страшна трагедија во Хрватска. Три деца загинале во пожар што избувнал во семејна куќа во ромската населба Куршанец во близина на градот Чаковец. Децата биле на возраст од девет, седум и три години.

Родителите успеале да излезат навреме со уште едно бебе. Мајката и едногодишното дете се во болница. Според првичните информации, огнот избувнал во поткровјето од куќата каде што спиеле трите деца и брзо се проширил. Истрагата допрва треба да ги утврди причините за несреќата.

„Навистина жалосно е ова што се случи во оваа ромска населба. Три деца изгореа поради никакви одговорности на властите. Немаме никакви услови, ниту ветувања, најмногу е виновна градската самоуправа“, вели жител од населбата .