мвр

Пронајдено огревно дрво без документација во кавадаречко, приведено едно лице

07.03.2025 11:39

При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени огревни дрва за кои не поседувал соодветна документација, моторна пила и други предмети...

Вчера во 16.00 часот кај село Фариш, кавадаречко, на магистралниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле З.Д.(61) од село Голем Радобил, прилепско. При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени огревни дрва за кои не поседувал соодветна документација, моторна пила и други предмети.

Дрвата, возилото и останатите предмети биле предадени на Шумска полиција од Кавадарци за понатамошна постапка, информираат од МВР.