СИРИЈА

Судири во Сирија помеѓу новата власт и лојалистите на Асад

07.03.2025 11:40

Хаос во Сирија. Судири меѓу новата власт и лојалистите на Асад во крајбрежниот регион на земјата, кој е вон владина контрола.

Хаос во Сирија. Судири меѓу новата власт и лојалистите на Асад во крајбрежниот регион на земјата, кој е вон владина контрола. Над 70 луѓе се загинати во жестоките борби и заседи. Властите испратија засилување во градовите Латакија и Тартус во обид да ја стават ситуацијата под контрола. Воведен е и полицски час.

Крајбрежниот регион е срж на алавитското малцинство и упориште на семејството Асад, кое припаѓа на сектата Алавити. Има извештаи и за судири во градовите Хомс и Алепо.