Премиерлигашите внимаваат на главите
По неколкуте контроверзни настани на спортските терени кога доаѓаше до повреда на главите на фудбалерите, англиската Премиер лига од следната сезона воведува нови, построги правила за случаите кога во тек на натпревар фудбалер ќе се здобие со повреда на главата.

Отсега одлуката дали повредениот фудбалер по укажаната помош ќе продолжи со игра нема да ја носи шефот на стручниот штаб туку лекарот на тимот. Дополнително екипите што се домаќини на натпреварите ќе мора да ангажираат дополнителен лекар специјалист кој ќе има увид во снимките од натпреварот и во зависност од начинот на кој дошло до повредата ќе даде свое стручно мислење за степенот на повредата. Сите играчи пред новата сезона во Премиер лигата ќе мора да минат низ годишен невролошки преглед.
До ваквите мерки доаѓа по неколкуте случаи во минатата сезона кога и покрај сериозните повреди играчите остануваа на теренот. Многу забелешки докторите имаа на менеџерот на Тотенхем Андре Виљаш Боаш кој го врати во игра Уго Лорис иако претходно неколку секунди голманот беше без свест на мечот со Евертон. Интересен е и примерот со германецот Крамер кој според судијата Рицоли воопшто не бил сигурен дека игра финале и бил дезориентиран во завршниот мечна светското првенство откако добил потрес на мозокот. Сепак Крамер по 10-тина минути беше повлечен од игра.