Обновени одделенија на Инфективна, набавена и нова опрема, но недостига кадар
Со 1,5 милиони евра, заврши обновата на два оддела на Инфективната клиника во Скопје. Набавена е и нова апаратура, но недостига кадар. Потребни се 100 вработувања, и тоа во време кога се очекува поголем број пациенти поради реновирањето на Карил...

Додека се реновира Карил дел од пациентите дел од пациентите ќе бидат препраќани на Инфективната клиника и покрај што тука недостига кадар, првиот човек на институцијата вели дека тие можат да изменаџираат бранот на пациенти којшто ќе доаѓа.
Инфективната клиника е во кусок за 100 вработени.
Најавените вработувања до 31-ви март треба да го изгаснат пожарот.
И покрај толкав недостиг на кадар министерот за здравство Таравари рече дека инфективните одделенија низ државата се во очајна состојба, лошо изгледаат, но нема и кадар, кога на директор од внатрешноста му било понудено да прати лекар на специјализација да стане инфектолог, добил одговор дека нема кого да пратат. Со последните специјализации министерот тврди дека се водела сметка да се зголеми број на специјалности што се дефицитарни.
Наташа Јанчиќ Менковски
