Разрешување на републичкиот обвинител

Коцевски и натаму тврди дека не сторил тешка дисциплинска повреда

07.03.2025 16:22

Државниот обвинител Љупчо Коцевски го добил предлогот за негова смена и во куси рокови ќе се произнесе по сите точки од документот...

Државниот обвинител Љупчо Коцевски и натаму опстојува на ставот дека не сторил тешка дисциплинска повреда поради што Владата сака да го разреши. Откако го доби предлогот за негова смена, тој најави дека за кратко ќе се произнесе по сите точки од документот.

Поради неекипираност, Советот на јавните обвинители, повторно не го разгледа барањето на обвинителката Наташа Крстевска Цалева за да биде тргната од позицијата раководител на вишото скопско обвинителство по суспензијата на Хајрулахи.

Коцевски вели, одлуката Крстевска-Цалева да раководи со вишото обвинителство е правосилна.

На седница Советот избра 32 обвинители кои претендираа за работа во 18 обвинителства низ земјава. Во Скопје се избрани 14. Со ангажирање на овие кадри треба да се пополнат испразнетите места.

Анита Димитријевска-Велковска