Економија

Синдикатот на улица за повисок минималец

07.03.2025 17:15

Сојузот на синдикати најави протести од следниот месец. Велат, правата загарантирани со Устав ќе ги бараат на улица со оглед поскапувањето на животот во земјава...

Сојузот на синдикати најави протести од следниот месец, не како притисок за уцена како што велат, туку ќе бараат леб за работниците, доколку не се исполни барањето за 500 евра минимална плата. Велат, правата загарантирани со Устав ќе ги бараат на улица со оглед поскапувањето на животот во земјава.

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека постапките на Синдикатот се координирани со опозицијата.

Власта остава работниците и работодавачите да најдат компромис. Владата вели, ќе ги почитува одлуките кои ќе бидат донесени на Социо-економскиот совет.

Во земјава околу 10.000 работници со сè минимална плата, а 25.000 со нешто над оваа сума.

 

Александра Велинова