Бројот на починати од ебола достигна 900 лица
Бројот на починати од ебола во западна Африка достигна 900 лица. Според извештајот на Светската здравствена организација, само во последните четири дена, смртносниот вирус одзеде 160 човечки животи во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја и Нигерија.
Во меѓувреме неколкумина патници што од западна Африка допатувале на неколку дестинации во Европа и САД се под лекарски надзор.

Во САД пристигна и Ненси Рајтбол, американска медицинска сестра која што се зарази од ебола во Либерија. Се превезувала во истиот авион со кој што претходно беше донесен и докторот кој што во западна Африка се зарази од смртоносниот вирус. Нејзината состојба е сериозна, но стабилна и покажува знаци на подобрување.
Изолираниот пациент пак кој што беше ставен во карантин во болницата во Менхетен со симптоми на ебола, најверојатно не е заразаен од смртоносниот вирус.
Марија Котовска