Комбинаторики за локалните избори
Внатрепартиски, партиите во консултации за кандидатите за градоначалници. Филипче вели во април ќе ги објават кандидатите. ВМРО-ДПМНЕ наскоро ги започнува партиските анкети.

„Венко Филипче е можеби еден од ретките политичари којшто на отворена сцена покажува разбирање за политиките на ДУИ“, ова е одговорот на премиерот Мицкоски дали на локалните избори би коалицирал со СДСМ во некои општини.
Претходно таква можност најави лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Сепак шефот на Владата повеќе верува во своите коалициски партнери.
Од друга страна, неговиот заменик во владата Изет Меџити не гледа простор за бојкот на изборите по заканите од ДУИ.
Внатрепартиски, партиите во консултации за кандидатите за градоначалници. Филипче вели во април ќе ги објават кандидатите. ВМРО-ДПМНЕ наскоро ги започнува партиските анкети.
Мицкоски во друштво на министерот Перински и градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски, кого ќе го подржи?! Дипломатски рече ќе ги стави на анкетните листови во партијата, но нему двајцата сè уште не му ги соопштиле амбициите за татко на Скопје.
Миле А. Ристески
