Македонија

Муцунски бара извинување од Кузеска, во спротивно ќе се поведе постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот

07.03.2025 16:40

Невистинити се обвинувањата на Кузеска, има 24 часа да се извини, во спротивно ќе поведат постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот, вели шефот на дипломатијата Муцунски. Посочи дека станува збор за лажни тврдења, кои не соодветствуваат со фактичката состојба...

Невистинити се обвинувањата на Кузеска, има 24 часа да се извини, во спротивно ќе поведат постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот, вели шефот на дипломатијата Муцунски. Посочи дека станува збор за лажни тврдења, кои не соодветствуваат со фактичката состојба.

Проектот за кровната конструкција е тековно одржување на објектот на министерството, со единствена цел превенција од натамошни оштетувања и поплавување – проблем што настана како резултат на несоодветното одржување на зградата во изминатите години, кога институцијата беше под раководство на ДУИ и СДСМ.

Постапката за јавна набавка е спроведена целосно законски, транспарентно и во согласност со сите важечки правни процедури, стои во Фејсбук-објавата на Муцунски.