Можност за повторно заживување на детските одморалишта!
05.08.2014 17:12
Со продажба на шесте одморалишта во државна сопственост се отвора нова можност за повторно заживување на овие туристички места...

Повеќе од две децении детското одморалиште на Горно Водно го посетуваат само планинари кои тука пијат чај. Деца одамна не дошле тука. Со продажба на шесте одморалишта во државна сопственост се отвора нова можност за повторно заживување на овие туристички места.
Ќе се продаваат одморалиштата Малешево и Суви Лаки во Берово, Пелистер во Битола, Николиќ во Дојран, Ѓуриште во Свети Николе, Горно Водно во Скопје. Локациите на одморалиштата кои подолго време се нефункционални нудат услови за водење бизнис.
„По продажбата, дејноста која ќе се остварува во овие одморалиште мора да биде во сферата на туризмот. Местата може да се ревитализираат, да се воспостват нови соржини, но сите мора да бидат во сферата на туризмот“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Одморалиштата ќе се продваат на јавна електронска аукција. Повикот се очекува да биде во втората половина на август.Цената ќе се движи од 50.000 до 400.000 евра.
Наташа Јанчиќ
