Одбележување на Меѓународниот ден на жената под мотото „За сите жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“
Меѓународниот ден на жената – 8 Март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година...

Меѓународниот ден на жената – 8 Март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година.
Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите-членки да го прогласат 8 Март за официјален празник на светската организација посветен на правата на жените и светскиот мир.
Од тогаш, Меѓународниот ден на жената се прославува на глобално ниво со фокус на движењето за правата на жените, родовата еднаквост, репродуктивните права и борбата против насилството и злоупотребата на жените.
Годинава мотото на ОН за одбележувањето на 8 Март е „За сите жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“.
Во чест на денот во земјава најавени марш за женските права во Скопје и во Струмица.
