8 Март- инспирација за женската рамноправност
Цели 115 години битка за родова еднаквост и рамноправност. Годините покажале дека понежниот пол може да застане рамо до рамо со мажите во сите професии и заслужува еднакви права. Но, како жените во нашата земја успеале да го работат она што го сакаат? На меѓународниот ден-8 Март, приказна за храбрите и успешни жени…
Повеќе од 1.200 скокови за 30 години, Јелица Крајческа е една од петте жени во земјава кои се занимаваат со падобранство. Љубовта кон овој спорт ја наследила од најрана возраст од нејзините родители. Оваа „жена-птица“ вели дека падобранството не е ризичен, туку екстремен спорт и потребни се психофизички предиспозиции. Стравот е присутен при исчекувањето, но скокот е задоволство – вели Крајческа.
Вообичаено ние ги чекаме соговорниците, но овој пат потполковничката Наташа Јакимовска нè пречека, не дека доцневме туку поради тоа што ова е една од најодговорните професии, во која не треба да си навреме, туку предвреме. Повеќе од 20 години е дел од македонската Армија и секојдневно патува од Скопје до нејзиното работно место во Куманово. Во секоја професија има предизвици, но полесно може да се надминат со надградба, упорност, знаење.
Над 12 отсто од вработените во АРМ се жени. Во оваа професија, вели, мажите и жените имаат подеднакви можности за унапредување и за иста позиција добиваат иста плата.
Александра Велинова
