Инфраструктура

Мицкоски: Економскиот раст продолжува и годинава

08.03.2025 17:16

За помалку од една година го запревме слободниот економски пад, дојдовме до нулта состојба откако во јуни минатата година наследивме владина сметка со 200 милиони евра во минус – изјави премиерот Мицкоски во Свети Николе. Истакна дека бруто домашниот производ бележи пораст, а економскиот раст ќе продолжи и годинава…

Честитки за празникот на жената упати премиерот Мицкоски, но и за граѓаните на Свети Николе кои со богата програма традиционално го слават верскиот патрон, Свети Теодор Тирон, односно Тодорова Сабота. Премиерот истакна дека економската состојба во земјата се стабилизира, за што говори и растот на бруто-домашниот производ.

При посетата на Свети Николе, Мицкоски имаше средба со граѓаните, а изврши увид и во дел од инфраструктурните градежни зафати. Според градоначалникот Владев, 2025-та ќе биде рекордна по бројот на инвестиции во Свети Николе.

Изготвени се проекти за изградба на улици, мостови и спортски сали со придружни објекти, за кои се очекува да бидат финансирани од државниот буџет. Со сопствени средства ќе се реализираат десет проекти.

Славица Величковска