Израелската армија се повлече од Појасот Газа
Палестинците најавија тужба против Израел за воени злосторства по речиси едномесечните судири во Појасот Газа. Од изутрината е во сила ново, 72-часовно примирје. Израел ги повлече своите сили од Појасот Газа, ставајќи крај на копнената операција покрената на 17 јули.
„Израелските одбранбени сили ја повлекоа целата војска од Појасот Газа и сега сме во одбранбени позиции надвор од Појасот за да спречиме натамошна инфилтрација и напади од Газа“, изјави Петер Лернер, потполковник на израелската војска.

Во северниот дел на Газа жителите се враќаат во своите домови. Очевидците велат дека градот е тотално разрушен, а воздухот е исполнет со мирисот на распаднатите тела и животни.
„Зошто го сторија ова на нашите домови, каде е целиот свет да го види ова? “, прашува Беит Ханун, жител на Газа.
Во досегашните краткотрајни примирја, двете страни непрекинато се обвинуваа за нивно прекршување. Досега во нападите убиени се над илјада палестинци, 7.200 луѓе се повредени, а околу 240 илјади се раселени.