Сторија

Македонска снаа и мајстор за сирење

09.03.2025 13:40

Да се совладаат вештините е љубов, желба, упорност и успешна битка со животот. Прилепчанката Арбана Маркоска штом станала македонска снаа, изучила врвен занает што му носи егзистенција на семејството. Се грижи за семејството, сама произведува сирење и гледа ведро на иднината …

Веќе 13 години сама произведува овчо сирење. Во сезоната април-август прави преку 1.600 килограми сирење за кое имаат постојани муштерии. Арбана Маркоска од Прилеп, мајка, сопруга, производителка, занаетот го научила откако станала македонска невеста и го напуштила родителскиот дом во Албанија. Сопругот е со овците, малку му помага, ама е главен мајстор за сирењето. Вели, не е лесно сам да го водиш целиот процес, ама работи од љубов.

Македонскиот начин на производство, вели е потежок и покомплициран, ама се добива висок квалитет. Ако има поголема поддршка од државата, би произведувала цел живот.

Прилепчанката Арбана на неполни 40 години е мајстор за сирење. И за грижа за семејството.

Елизабета Митреска