Намален е бројот на сообраќајки и жртви во велешко
Со 158 едукативно превентивни активности ланската година, велешката полиција вели дека е намален за 10 отсто бројот на сообраќајки во велешко, но и на повредени и на жртви. Наспроти тоа пешаците и натаму се чувствуваат небезбедни…

Бројките кои ги објави СВР Велес, за подрачјето на град Велес, заедно со општините Чашка и Градско, за минатата година е дека бројот е помал за 29 сообраќајки во однос на 2023 година. Намален е и бројот на повредени и жртвите.
И додека полицијата вели дека најдобар показател за ефикасноста на реализираните превентивни активности, работилници, предавања се податоците за опаѓање на бројот на сообраќајки, жртви и повредени, пешаците се чувствуваат несигурно, небезбедно. Посебно сега со затоплувањето, кога по улиците започнаа да се користат моторите.
Лани имало пет жртви и 181 повредено лице во сообраќајките во општината, додека година дена претходно имало шест жртви и 217 повредени. Од полицијата велат дека ова намалување се должи на превентивните активности кои ги презеле, за советување на учесниците на сообраќајот, и на возачите и на пешаците. Лани имале 158 такви активности.
Петар Печков
