Цените на зеленчукот во Струмица за продавачите ниски, за купувачите високи
По пазарите само повозрасни земјоделци, а повеќе трговци кои откупувале па препродаваат зеленчук. Фали и домашно производство кое допрва ќе излезе, а во моментов се увезува…

50-годишниот Ванчо Ѓоргиев од валандовско Пирава беше најмладиот земјоделец кој продаваше зеленчук на пазарот во Струмица. Нудеше сезонски зеленчук кој со семејството го има произведено. Спроти него Живко Мицев, кој освен негово производство нудеше и домати, пиперки и краставици купени од земјоделци од Банско.
По пазарите во Струмица претежно повозрасни продавачи кои велат дека сезонскиот зеленчук го дават џабе, оти народот нема пари.
Купувачите, пак, со своја приказна. Едни велат дека е скапо, други пак, дека е во рамките на очекуваното.
Најфреквентен е пазарот на големо во Струмица каде земјоделците го даваат производство на трговци, уште од раните утрински часови.
Ване Трајков
