Зеленски: Украина е посветена на дијалогот со САД
Зеленски за последните руски напади врз инфраструктурата вели дека Москва сака да ја продолжи војната. И високата претставничка на ЕУ, Калас вели дека рускиот лидер нема интерес за мир...

Украинскиот претседател изјави дека Украина е посветена на дијалогот со САД, пред украинско-американските разговори во Саудиска Арабија. Зеленски за последните руски напади врз инфраструктурата вели дека Москва сака да ја продолжи војната. И високата претставничка на ЕУ, Калас вели дека рускиот лидер нема интерес за мир, а доказ за тоа е фактот дека руски ракети паѓаат низ цела Украина.
„Буквално секој ден, Русија со својата суровост докажува дека ништо не се сменило за нив во Москва. Тие не размислуваат за тоа како да ја прекинат војната, туку за тоа како да ја продолжат оваа војна уште долго“, нагласи Зеленски.
Четири официјални лица од Украина заминуваат на средба со делегацијата на САД во Саудиска Арабија за преговори за постигнување мир во Украина.
