Блиски исток
Протести во Тел Авив за итно ослободување на преостанатите заложници
09.03.2025 10:53
Демонстрациите следуваат откако Израел соопшти дека ќе испрати делегација во Катар во обид да ги унапреди преговорите околу прекинот на огнот во Газа.

Толпа демонстранти излегоа на улиците во центарот на Тел Авив на неделните собири со барање за итно ослободување на сите преостанати заложници кои сè уште се држат во Газа.
Демонстрациите следуваат откако Израел соопшти дека ќе испрати делегација во Катар во обид да ги унапреди преговорите околу прекинот на огнот во Газа.
И Вашингтон побара ослободување на 10 заложници во замена за продолжување на прекинот на огнот.
Во меѓувреме Хамас објави позитивни сигнали во разговорите со египетските и катарските посредници за започнување преговори за одложената втора фаза на примирјето.
