Симулациска вежба: „Заложничка драма“ на скопскиот аеродром
Што доколку терористичка група го нападне скопскиот аеродром? Како ќе дејствуваат безбедносните служби, а како треба да се однесуваат патниците кои ќе бидат затекнати. Денеска на меѓународниот аеродром беше организирана симулациска вежба за вонредни состојби, заедно со Бирото за јавна безбедност.

„Заложничка драма“ на скопскиот аеродром е вежбата што ја изведуваа специјалните сили за антитероризам при МВР и безбедносните служби на аеродромот. Беше симулирана вонредна состојба со пратка од висока вредност, заложници и експлозија со импровизирана експлозивна направа, проследена со пожар во затворен простор во приемниот магацин при карго-центарот на ТАВ Македонија.
Досега немало заложнички кризи на скопскиот аеродром, но имало на други локации каде специјалните сили на МВР соодветно реагирале.
Директорот на Бирото за јавна безбедност упати и апел за поголема сообраќајна култура и почитување на патната сигнализација, бидејќи во спротивно мерките за поголема безбедност во сообраќајот би немале ефект.
Техничкиот аспект на системот „Безбеден град“ е завршен, се чека на промена на пет закони за да профункционира. Првите казни ќе почнат од 1-ви јануари 2026-та, а функционирањето на системот ќе се случи многу порано.
Александра Велинова
