Хамбургер

Како се сака клуб?

05.08.2014 17:24

Потребно е да се има пари, но и желба да му се помогне на омилениот клуб. Клаус Михаел Кихне цел живот навива за германскиот бундеслигаш Хамбургер и неможејќи да гледа како клубот се бори за опстанок и е постојано на дното на табелата решил на својот омилен клуб да му позајми 25 милиони евра за засилувања. Помошта е реализирана, а дел од трнсверите направени со парите на навивачот се ангажманот на Бехрами, Милер и Острзолек.

Сепак Клаус не е било кој. Сопственик е на транспортна компанија, роден е во Хамбург,  има швајцарско државјанство, а неговото богатство се проценува на 7,8 милијарди евра.