Здравство

Амбулантите полни, вирусите и грипот сè уште се присутни

09.03.2025 17:12

Можеби надвор мириса на пролет и температурите се повисоки, но вирусите и грипот сè уште се присутни. Почнуваат и алергиите. На пулмологија амбулантите се полнат. Но, загрижува и фактот што се зголемува и бројот на заболени од канцер на бели дробови кај младите…

Наместо на прошетка во парк на топлиот мартовски ден, многу деца дојдоа во детската болница Козле. Поради растечен нос, кашлица, чешање на очите, некои и со бронхоопструкции, побараа лекарска помош. Дежурниот доктор Доксимовски вели, тоа се првите симптоми на алергии.

Најголем дел од оние 200 деца кои доаѓаат на преглед се со РСВ вирусот и еден помал дел со грипот, којшто е на поминување. Слична е состојбата и кај возрасните на Клиниката за пулмологија.

Лекарот Шаини во дежурната амбуланта имал 100 прегледи, тројца од пациенти биле со алергии. Но, лекарот е загрижен од нешто друго-сè почестата појава на карцином на бели дробови и кај помладата популација.

Тој причина за ваквата состојба гледа во загадениот воздух и консумирање цигари.

Наташа Јанчиќ-Менковски