Во Ријад продолжува дијалогот Вашингтон – Киев
Зеленски ќе разговара со саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман, а украинската делегација ќе се сретне со американскиот државен секретар Рубио и други високи претставници на Белата куќа...

Дијалогот Вашингтон – Киев продолжува во Ријад. Зеленски ќе разговара со саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман, а украинската делегација ќе се сретне со американскиот државен секретар Рубио и други високи претставници на Белата куќа.
„Многу луѓе загинаа оваа недела, како што знаете, во Украина, не само Украинци, туку и Руси. Мислам дека сите сакаат да видат како тоа се завршува. Ќе направиме напредок, верувам, оваа недела“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Украинската страна се очекува да предложи мировен план вклучително и запирање на нападите со беспилотни летала и ракети, како и суспензија на воената активност во Црно Море. На фронтот продолжуваат борбите.
