БЛИСКИ ИСТОК

Израел ја запре електричната енергија за Газа

10.03.2025 08:34

Тел Авив се обидува да го притисне Хамас да прифати продолжување на првата фаза од прекинот на огнот и да ослободи уште заложници...

Израел го запре снабдувањето со електрична енергија во Газа една недела откако ги прекина сите испораки на хуманитарна помош на територијата со над два милиона луѓе.

„Ја потпишав наредбата за итно прекинување на струјата во Појасот Газа. Ќе ги искористиме сите алатки кои ни се достапни за да се вратат сите заложници и ќе се погрижиме Хамас да не биде во Газа ден потоа“, изјави Ели Коен, министер за енергија и инфраструктура на Израел.

Тел Авив се обидува да го притисне Хамас да прифати продолжување на првата фаза од прекинот на огнот и да ослободи уште заложници. Наместо тоа, милитантната група бара да почне преговори за втората фаза, што ќе значи ослободување на преостанатите заложници од Газа, повлекување на израелските сили и траен мир.