СИРИЈА

Новото раководство на Сирија со осуда за насилствата

10.03.2025 08:37

Некои групи за човекови права велат дека стотици цивили, главно Алавити, биле убиени во одмазднички напади по избувнувањето на борбите во регионот Латакија...

Сирискиот привремен претседател со осуда за насилството во земјата меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални на соборениот режим на Башар ал Асад.

„Сирија ќе остане непоколеблива и нема да дозволиме никакви надворешни сили или локални фракции да ја вовлечат во хаос или граѓанска војна. Остануваме посветени на нашето ветување, решени да одиме напред кон иднината достојна за нашите големи луѓе“, изјави Ахмад ал Шара, привремен претседател на Сирија.

Некои групи за човекови права велат дека стотици цивили, главно Алавити, биле убиени во одмазднички напади по избувнувањето на борбите во регионот Латакија.