Судски совет

Интерпелациите на членови на Судскиот совет утре на седница

10.03.2025 08:48

ВМРО-ДПМНЕ очекува оставка од повиканите членови доколку биде изгласана интерпелација, СДСМ пак, сè уште не открива како ќе гласа...

Утре на пленарна седница интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет. Еден час претходно тие ќе се изјаснат за барањето за смена пред претседателот на советот.

ВМРО-ДПМНЕ очекува оставка од повиканите членови доколку биде изгласана интерпелација, СДСМ пак, сè уште не открива како ќе гласа. Членовите на Судскиот совет го искористија законското право и во рок од 15 денови по приемот на интерпелациите, писмено му одговорија на собранискиот спикер Гаши.

Утре според Деловникот, се предвидува 20 минути за образложување на интерпелацијата, од страна на еден од пратениците коишто ја поднеле и исто толку време за одговор од страна на лицето кому му се гласа доверба.