ЦУК

ЦУК: Викендов регистрирани 60 пожари на отворен простор, 9 се сè уште активни

10.03.2025 08:58

Само за време на викендов беа забележани 60 пожари на отворен простор, а 9 се сè уште активни. ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено апелираме до сите земјоделци да не ги палат стрништата а сточарите пасиштата...

Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 2007 повици. Од нив „реални“ повици биле 1.178, а останатите 829 биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни, информираа утрово од Центарот за управување со кризи.

Кон полицијата биле упатени 192, кон итната медицинска помош 77 повици, кон пожарникарите 92, кон АМСМ 1 и кон ЦУК 11 од вкупно примените повици.

Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.

Со зголемувањето на температурите изминативе неколку дена, забележано е и зголемување на бројот на повиците кон ТППЕ, односно зголемен број на противпожарни интервенции.

Само за време на викендов беа забележани 60 пожари на отворен простор, а 9 се сè уште активни. ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено апелираме до сите земјоделци да не ги палат стрништата а сточарите пасиштата.

Ги потсетуваме граѓаните доколку забележат пожар, но и други итни ситуации што претставуваат опасност по животот и здравјето како и материјалните и природните добра да пријават на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, велат надлежните.