Протести во Романија по одбиената кандитатура на Џорџеску
Илјадници луѓе излегоа на протест против одлуката на Централната изборна комисија да му се забрани на кандидатот на екстремната десница, Калин Џорџеску, да се кандидира за прегласувањето на изборите во мај годинава...

Хаос на улиците во Романија. Илјадници луѓе излегоа на протест против одлуката на Централната изборна комисија да му се забрани на кандидатот на екстремната десница, Калин Џорџеску, да се кандидира за прегласувањето на изборите во мај годинава.
Во насилствата неколкумина демонстранти и полицајци се хоспитализирани, а десетици се приведени.
Џорџеску победи во првиот круг од претседателските избори во ноември, но неговата победа беше поништена од Уставниот суд поради наводи за руско мешање во изборната трка. Москва ги негираше обвинувањата.
