Македонија

Водата во Скопје безбедна за пиење

10.03.2025 10:29

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 03.03.2025 до 07.03.2025 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација.