Ивановски со победа ги стартува квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч
10.03.2025 11:09
Денес во втората квалификациска рунда Ивановски ќе игра против Марко Николиќ од Србија.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа ги стартува квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч, Хрватска. Го совлада Макс Батјутенко од Казкстан со 2:0, по сетови 7:6(2) и 6:2.
Денес во втората квалификациска рунда Ивановски ќе игра против Марко Николиќ од Србија.
Турнирот „Истраска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.